Продажните бројки за електричните возила за првиот квартал годинава во САД се сумирани и истите покажуваат вистинска доминација на Tesla.
Тоа може да се види по продажбата на моделите Y и 3 кои се наоѓаат на првите две позиции. Моделот Y е убедливо најпродаван. Во првите три месеци од годината е продаден во 48.354 примероци. Следи моделот 3 со 26.983 примероци. Далеку зад нив, на третата позиција е Chevy Bolt EV со продадени 9.025.
Новиот Ford Mustang Mach-E забележа продажба од 6.614 примероци што е доволно за четвртата позиција, а со продадени 4.324 примероци на позицијата број 5 се наоѓа Audi e-tron.
Nissan LEAF генерираше продажба од 2.925 примероци, електричниот Taycan на Porsche 2.008 примероци, моделот S на Tesla е продаден во 505 примероци колку и моделот X. Најпродаван електричен автомобил на Volkswagen е ID.4 со продадени 474 примероци, BMW i3 е продаден во 340 примероци, а Volkswagen e-Golf во само 22 примероци.