Tesla: Се чека една година за автомобил и три месеци за браник

ОБЈАВЕНО НА:

Што има заедничко за сите сопственици на Tesla? Најверојатно чекањето. Откако најголем дел од сегашните сопственици на Tesla чекаа по една година за да го добијат својот автомобил сега се соочуваат со дополнителни чекања.

Овој пат во прашање се резервните делови за што треба да се чека и по три месеци, а доказ за тоа е последниот случај кој доаѓа од САД.

Така, еден сопственик откако го оштетил браникот и се обратил до официјален сервис, му било кажано дека ќе мора да почека за да се замени браникот и тоа ни помалку, ни повеќе туку цели три месеци. Сето ова предизвика големи незадоволства особено на оние сопственици кои ги оштетиле своите возила во сообраќајни незгоди.

Дека навистина има проблеми со сервисната мрежа, свесен е и Маск кој за овој квартал како примарна цел го дефинираше подобрувањето на сервисната мрежа и достапноста на резервните делови. Во меѓувреме, внимавајте како ги возите вашите Tesla автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK