Tesla развива евтина платформа за електрични автомобили што ќе чинат под 30.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Гласините дека Tesla ќе лансира електричен автомобил со пониска цена се шират низ интернетот со години, дури во различни фази беа потврдени од директорите на компанијата. Сега слична потврда има и од самиот Илон Маск, кој најави дека неговата компанија развива платформа за електрични возила од нова генерација.

Новата платформа ќе биде значително поевтина од онаа што ја користи американската компанија, но ќе се користи и за помали електрични автомобили, откри Маск. Компанијата ќе користи се што научи од претходните Model S, Model X, Model Y и Model 3, како и Cybertruck и Semi кои допрва треба да се произведуваат.

Архитектурата се очекува да служи за автомобили со цена од околу 30.000 долари, но дали оваа цена ќе се задржи со поскапувањето на суровините и материјалите останува да се види.

Според планот, производната цена на новите евтини електрични автомобили треба да биде половина од онаа на моделот 3.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK