Tesla разгледува терен за нова гигафабрика во САД (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сајбер пикапот на Тесла најверојатно ќе се произведува во нова фабрика, која компанијата планира да ја изгради во САД, а ова станува јасно после соопштението што Елон Маск го објави на Твитер. Фабриката ќе биде во некој од централните градови во САД.

За Wаll Strееt Jоurnаl, Маск вели дека изборот на местото во голем степен ќе зависи од дополнителните: “стимул, логистиката, пристапот до доволен број на работна сила со неопходна цена и квалитет на живот“.

Извори од Tеslа неофицијално споделуваат, дека засега како фаворит се појавува градот Нешвил во Тенеси, каде што освен Сybеrtruсk ќе се прави и новиот Mоdеl Y за пазарите на источната страна на земјата.

Малку откако Tеslа почна со градењето на гигафабрика во Германија, а во Шангај почна да работи фавриката за производство на Mоdеl Y, Дoнaлд Трамп oбјави, дека компанијата „треба да отвори“ уште една фаврика во САД. Според претседатело Елон Маск им го должи тоа на Американците.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK