Американскиот технолошки гигант Tesla потфрли на домашен терен во поглед на продажбата. Според официјалните податоци за продажбата минатата година во Калифорнија, државата каде е лоцирана првата фабрика на Тесла, најпродаван автомобил е Honda Civic со продадени 75.915 нови автомобили.
По јапонскиот модел следи Toyota Camry со продадени 63.459 примероци додека на третата позиција е автомобил на Tesla. Станува збор за моделот 3 со продадени 59.514 примероци. Во листата најпродавани пет автомобили се наоѓаат уште Honda Accord со продадени 58.310 примероци како и Toyota Corolla со продадени 54.186 автомобили.
Инаку со оваа бројка, моделот 3 е најпродаван електричен автомобил во Калифорнија со пазарно учество од 43,7% во својот пазарен сегмент.