Tesla планира изградба на фабрика во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Американската компанија за електрични автомобили Tesla, планира да изгради фабрика во Европа со што ќе се обезбеди соодветната производствена инфраструктура за освојување на овој пазар, пренесува Wall Street Journal.

Новата фабрика која ќе биде од огромни размери и ќе го носи епитетот на Gigafactory, ќе служи за целосно производство на електрични автомобили, од нула, како и батерии за потребите на истите. Во моментов Tesla е во фаза на планирање на истата и пронаоѓање на соодветна локација. Така, во потесниот избор за локација пикирани се неколку локации во Холандија и Германија, а одлуката околу локацијата треба да биде позната до крајот на следниот месец.

Фаворитската улога се дава на Холандија пред се поради тоа што во оваа земја веќе постои фабрика во која во моментов само се врши крајното склопување на моделот S и моделот X на Tesla.

Оваа информација ја потврди и првиот човек на Tesla, а веќе подолго време во неколку европски земји се преземаат кампањи за привлекување Tesla да инвестира во нивните земји.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK