Компанијата Tesla на Илон Маск ги отпушти работниците во својата гигафабрика во Бафало, Њујорк, кои неодамна ги објавија плановите за формирање синдикат. Ова го пренесува The Guardian.
Непосредно пред да бидат отпуштени, групата вработени ги објави плановите за организирање синдикат — тие сакаа повисоки плати, подобра безбедност на работното место и помалку следење.
Отпуштените вработени сметаат дека останале без работа токму поради нивната „синдикална активност“. Тие отидоа во Националниот одбор за работни односи на САД (NLRB) во обид да си ја вратат работата.
Според резултатите од цела 2022 година, нето добивката на Тесла е повеќе од двојно зголемена на 12,6 милијарди долари, а според резултатите од четвртиот квартал компанијата доби рекордна добивка, но и покрај ова, Илон Маск не ги покачува платите на неговите работници.