Tesla ќе го зголемува производството

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да го исполни претходно зацртаниот план, но и да одговори на зголемената побарувачка, особено во Европа, Tesla ќе го зголемува дневното производство. Така според планот, американскиот технолошки гигант планира да го зголеми кварталното производство на 100.000 автомобили со цел да ја достигне бројката од 400.000 на годишно ниво.

Tesla последните месеци бележи одлични продажни перформанси. Така во Европа по долго време конечно го надмина Nissan според бројот на продадени електирчни автомобили со што моделите на овој производител прераснаа во најпродавани електрични автомобили во Европа.

Сепак од средината на следната година се планира додатно зголемување на производството особено поради тоа што од следната година започнува и производството на моделот Y кој ќе се произведува во Фримонт, САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK