Tesla ја прошири дилерската мрежа – отсега во 4 земји од Источна Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Уште кон крајот на минатата година Маск најави дека примарна цел за оваа деловна година е изградба на дилерска мрежа во Европа што е предуслов за освојување на овој пазар.

Откако пред само неколку месеци отвори продажно-сервисен центар во Чешка, Tesla официјално сега располага со продажни салони во Унгарија, Полска, Романија и Словенија.

Во овие продажни центри достапни ќе бидат моделите 3, S и X, а ќе може да добијат и тест возење.

Покрај овие продажни центри, Tesla планира во блиска иднина да ја збогати и мрежата на сервисни центри. Сега располага во Чешка и Полска, а планира да отвори и во Будимпешта. Истовремено, се работи и на проширување на продажната мрежа во Бугарија, Украина, Грција…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK