Tesla испорача над 310.000 возила во првиот квартал годинава

ОБЈАВЕНО НА:

Недостатокот со чипови на што се жалат многу од автомобилските производители не ги погодува многу во Tesla, продажните резултати укажуваат на тоа дека година производителот би требало лесно да ја мине бројката од милион продадени возила во една календарска година. Според последните податоци, американскиот производител на електрични автомобили Tesla во првите три месеци од 2022 година испорачал до клиентите 310.048 возила, а производството на компанијата во светот изнесува 305.407 автомобили.

Во првиот квартал од 2022 година, производството на Model S и Model X изнесува 14.218 единици, а испорачаните возила на двата модели биле 14.724 единици. Интересен момент овде е што за истиот период минатата година, Tesla не пријави единици произведени на двата модели.

Главните двигатели на Tesla и понатаму се Model 3 и Model Y, од кои се произведени 291.189 единици и испорачани 295.324 единици во првите три месеци од 2022 година.

Во првиот квартал од 2021 година, производството на TESLA достигна 180.338, а испораките беа 184.800.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK