Автомобилите од брендот на Tesla се повеќе се застапени на улиците од земјите на Балканскиот Полуостров. Овој американски бренд секојдневно бележи се поголема продажба, а само во Хрватска продадени се 111 Tesla автомобили во првите шест месеци од годинава.
Хрватските медиуми пишуваат дека сите 111 автомобили на Tesla се од моделот 3 кој стана популарен благодарение на државните субвенции за купување плаг-ин хибридни и електрични автомобили. При тоа овој автомобил, без субвенции се продава по цена од 329.990 хрватски куни што е околу 44 илјади евра.
Инаку најпродаван автомобил во Хрватска во првите шест месеци е Skoda Octavia со продадени 1.193 примероци. Следи Opel Corsa со 1.089 примероци и Dacia Duster со 891 примерок. Во најпродаваните десет автомобили се наоѓаат уште и: VW T-Cross, VW T-Roc, Renault Clio, Hyundai Tucson, Suzuki Vitara, VW Golf и Dacia Sandero.
Во конкуренција на брендови, неприкосновен на првата позиција е Volkswagen со продадени 3.808 нови автомобили во првите шест месеци. Следи Skoda со 3.092 примероци, Opel со 1.884 примероци, а во најдобрата петорка се наоѓаат уште и Renault и Suzuki. Од шестата до десетата позиција се наоѓаат уште и Kia, Dacia, Hyundai, Peugeot и Seat.