Tesla добива конкуренција: Faraday Future со 1.050 КС и забрзување од 2,39 секунди

ОБЈАВЕНО НА:

Една година откако Faraday Future го претстсви својот „луд“ концепт на ЦЕС, сега стигнува и првото продукциско возило со прототип спецификација наречено FF 91.

Се работи за кросовер/СУВ возило со 130 kWh и домет од 600 км. Користи четири електрични мотори кои може да испорачаат сила од 1.050 КС и 1.800 Нм вртежен момент. Интересно е што може да забрза од 0 до 96 км/ч. (60 милји) за само 2,39 секунди. Тоа значи дека е побрз од Tesla Model S P100D што забрзува за 2,4 секунди

ff91-26

FF91 е опремено со отворен систем за полнење што значи дека се прилагодува на сите стандарди на електрични извори. Автомобилот има повеќе од 30 сензори и овозможува самостојно движење, односно во режин на автопилот.

Возилото има коефициент на аеродинамика од 0.25 што го прави едно од „најмазните“ продукциски возила.

https://www.youtube.com/watch?v=1Y8hUf0Np6k

Засега нема потврда кога точно ќе почне производството, но се најавува за 2018 година и може да се нарача со оставање на депозит од само 5.000 долари. Цената се уште не е објавена.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK