Stefanovski Igor, Hyundai i30 N TCR #14, AKK Stefanovski

TCR Italy: Стефановски со 11. и 15. место на слободните тренинзи на Имола

ОБЈАВЕНО НА:

На првите слободни тренинзи на Имола во првенството на TCR Italy, нашиот Игор Стефановски ги освои 11. и 15. место. Официјалните квалификации се утре изутрина, а по една трка со вози утре и во недела. До крајот на првенството остануваат два викенди (вкупно 4 трки), сега во Имола и на почетокот на октомври на Муџело.

На првиот слободен тренинг Стефановски го освои 11. место со заостанување од 1,507 секунди во однос на Рубен Волт кој имаше најдобро време. На вториот тренинг Стефановски беше 15. со заостанување од 1,765 секуни дво однос на Никола Балдани. На тренинзите имаше вкупно 27 возачи.

Стефановски е на 7 место во генерален пласман во TCR Italy, со 119 бодови. Имола му „лежи“ на Иџе, и на крајот од јули кога исто така тука се возеше трка, тој прво беше второпласиран, а потоа втората трка не ја заврши поради.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK