TCR Europe: Џиролами и PSS Racing најдобри на првите тренинзи на Спа

ОБЈАВЕНО НА:

На трката во Белгија, тимот на PSS Racing ќе биде само со еден возач, Франко Џиролами бидејќи Виктор Давидовски поради технички причини остана во Скопје.

Најдобриот во генерален пласман на TCR Europe, Франко Џиролами од тимот на PSS Racing оствари најдобро време на првите слободни тренинзи пред трките на патеката Спа во Белгија. Во драматичен финиш возачот на PSS Racing оставри време од 2:31,492 минути пред Микел Аскона која имаше време од 2:32,005 и актуелниот првак Меди Бенани кој беше третопласиран со време од 2:32,366 мин.

„Среќен сум поради резултатот. Целиот тим на PSS Racing направи одлична работа и автомобилот беше навистина брз. Но, секако ова е само прв слободен тренинг – и сите други возачи ќе бидат побрзи во другите сесии, и ние ќе мораме да се подобриме. Ставив две нови гуми на возилото, но незнаеме што татктика користат другите, и тоа е многу важно. Исто така направивме некои промени на возилото и тоа ни донесе одличен резултат, изјави Џиролами по првите тренинзи.

На оваа трка во Белгија нема да настапат Виктор Давидовски и Унгарецот Даниел Наѓ. Со тоа на трката ќе се појават само 20 возачи. Денеска има уште еден слободен тренинг, а утре се квалификациите и првата трка.
Квалификациите треба да се возат утре (петок) во 12,30 часот а трката е во 18,30 часот. Втората трка е во сабота во 11,20 часот.

Франко Џиролами е лидер во генералниот пласман со 154 бода, пред Аскона кој има 143 и Џими Кларе и Том Коронел со по 132 бода. Виктор Давидосвки е на 12. место со 68 бода.
Во конкуренција на тимот PSS Racing е на третото место со 240 бода.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK