TCR Europe: Џиролами и PSS Racing на подиумот на Нирбургринг

ОБЈАВЕНО НА:

Франко Џиролами, возачот на PSS Racing Team го освои второто место на првата трка од TCR Europe што се возеше на патеката Нирбургринг. Аргентинецот имаше одличен старт и беше лидер се до последниот круг кога на неколку свиоци пред крај направи мала грешка а тоа го искористи Микел Аскона. Поанецот го престигна Џиролами и на целта стигна како првопласиран.

Џиролами го задржа второто место во генерален пласман каде повторно лидер е Аскона.

„Сакам да им честитам на Микел Аскона и неговиот тим. Тој имаше многу добра трка. Среќен сум, но не толку многу. Ја загубив трката во последниот круг, но среќен сум за тимот, за резултатот, за бодовите, за шампионатот. Загубивме од најдобриот возач во ТЦР Европа и можеби во првите пет во светот, така што знам дека можам да се подобрам. Кога губите на трка, знаете дека има простор за подобрување. Аскона имаше многу добар автомобил од средината на трката до финишот. Не го видов во последниот круг; нападна многу силно и можеше да ме престигне. Поради ова, знам на кој начин треба да се подобрам, изјави Џиролами.

И вториот возач на PSS Racing, Виктор Давидовски имаше одлични квалификации, беше деветти но имаше проблеми на стартот и потоа не можеше да го фати темпото на групата и заврши како како 18. без да освои бодови од трката. Но, затоа освои бодови од квалификациите.

Во генерален пласман води Аскона со 276 бода, пред Џиролами со 244, Лангевелд 201, Бенани 192, Коронел 183, Каљејас 152, Баер 151, Џ.Кларе 147 итн.

Следната трка се вози утре повторно на Нирбургринг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK