Тајната е откриена: Како се прават гумите?

ОБЈАВЕНО НА:

Процесот на производство на автомобилски гуми за голем број од луѓето е сосема прост процес, но дали е навистина така како што тие сметат. Дали процесот е само едноставно излевање на смесата од каучук во некаква форма, загревање за да се зацврсти и толку.

Во реалноста тоа е, сепак, еден од најсложените, високотехнолошки и исто така потајни процеси во современата индустрија. Се работи тајно бидејќи конкуренцијата е убиствена, а бизнисот е за миилијарди долари.

Затоа е интересно да се погледне во една од тие таинствени фабрики и да се проследат основните етапи при создавањето на современата автомобилска гума.

1.ПРИГОТВУВАЊЕ НА СМЕСАТА ОД КАУЧУК

Производството на гумите почнува со овој процес, а рецептот зависи од намената на конкретниот вид на гуми (помека за зимски, поцрвста за универзални итн.) и може да вклучува до десет хемикалии на чело со сулфур и јагледод. Се разбира, и каучук – високоеластичен полимер, кој се содржи во кората на близу 500 различни видови тропски растенија.

2.ПРИГОТВУВАЊЕ НА ШАРИТЕ

Во резултат од вбризгување се добива гумена лента, која после ладењето со вода се сее на делови според неопходниот размер во однос на целта.

Скелетот на гумата – каркас и појас – се приготвуваат од слоеви на текстил или метални жици. Тие се поставени под одреден агол.

Друг важен елемент во производството е бордот, кој претставува неразделив дел од гумата со помош на која таа се држи за тркалото и ја зачувува својата форма.

3.СОЕДИНУВАЊЕ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ

За целта се користи специјален барабан, на кој се поставуваат слоевите каркас, борд и на врвот каркас-шара.

4.ВУЛКАНИЗАЦИЈА

Тоа е следната стапка во производството. Составената гума од одделни компоненти се поставуа во матризацта на вукланизерот.

Пареа со висок притисок и топла вода се вранат во внатрешноста. Времето за вулканизирање и температурата при која се извршува зависат од големината и густината на гумата.

На шарите се оформува  врежан цртеж, кој е претходно изгравиран во внатрешната страна на матрицата. Следува хемиска реакција која ја прави гумата стабилна, еластична и отпорна на трошење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK