Производителот на суперавтомобили од Италија има план да направи само 15 примероци од Touring Superleggera Sciadipersia Cabriolet, а истата почна со производство после саемот во Женева во март во 2019 година. Секој од примероците ќе биде изработен рачно во фабриката на компанијата во близина на Милано.
На саемот во Женева автомобилот можеше да се види во „Night Blue“ боја, но другите 12 имаат поинаква завршна обработка. Вториот произведен примерок од кабриолетот е обоен во „нежна нијанса на песок со боја окер и крем“.
Овој кабрилет во суштина се базира на автомобилот Maserati GranTurismo и во него има место за четири личности. Произведувачот ветува дека седиштата се доволно големи за удобно д се сместат четири возрасни личности. Вкупниот изглед на автомобилот е инспириран од златниот период на автомобилската индустрија со „класичен и безвременски дизајн, кој продолжува да поставува стандарди“.
Touring Superleggera Sciadipersia Cabriolet
Атмосферскиот V8 мотор има најголема сила од 460 коњски сили (338 kW) при 7.000 вртежи во минута. Силата ги стартува задните тркала со помош на ZF автоматскиот менувач со шест брзини. До стотка забрзува за 5 секунди, а најголемата брзина е 288 км/ч.