Во јули годинава Subaru објави тизер фотографија од новата генерација од спортскиот седан WRX. Сега, јапонскиот производител и официјално потврди дека премиерата на оваа нова генерација ќе се случи на 19 август годинава.
При тоа од Subaru не открија дополнителни технички карактеристики. Она што од претходно се знае е дека оваа генерација доаѓа со повеќе простор благодарение на тоа што е за 50 мм со поголема должина, исто толку поширок, но и 25 мм понизок. Меѓуоскиното растојание ќе биде за 20 мм подолго.
Во однос на мотористиката се потврдува претходната шпекулација со која централно место зазема 2,4 литарскиот турбо бензински мотор кој ќе продуцира 300 КС, додека помоќната STI верзија ќе располага со мотор од околу 400 КС.
Производството ќе стартува кон крајот на оваа година, а првите испораки се закажани за почетокот на следната година.