Повеќе од две години Toyota и Subaru работат на заеднички проекти во сферата на електрификацијата на автомобилите. Прв производ на Subaru ќе биде кросоверот Solterra. Токму и за овој целосно електричен кросовер, јапонскиот производител објави и тизер фотографии.
Се работи за кросовер кој се базира на истата архитектура и технологија како и кросоверот кој Toyota го објави минатиот месец под називот bZ4X.
Засега не се отркиваат многу технички податоци. Познато е дека ќе има погон на сите четири тркала и исто толку електромотори распоредени на секоја од тркалата.
Овој модел чиј назив е комбинација на латинските називи за сонце и земја, на јавноста ќе и биде откриен кон крајот на овој месец, а во продажба ќе се појави на почетокот на следната година. Овој модел ќе биде дел и од европската понуда на Subaru.