СТУДИЈА: Теренците со големи предници се поопасни за велосипедистите

ОБЈАВЕНО НА:

Новата студија на Институтот за безбедност на автопатиштата (IIHS) укажува дека денешните поголеми теренци се поопасни за велосипедистите од другите видови автомобили. Според неодамнешните федерални податоци во САД, фаталните несреќи во кои учествувале велосипедисти се зголемени за 8 проценти во првите девет месеци од 2022 година.

Според статистичарот од IIHS, Сем Монфорт, водечкиот автор на студијата, „SUV возилата имаат тенденција да ги соборуваат велосипедистите“, и потенцијално да ги прегазуваат наместо да ги испраќаат лицата на хаубата како што би било во случај на помало возило.

Според Монфорт „тоа е веројатно затоа што повисокиот преден крај на SUV возилото го удира велосипедистот над неговиот центар на гравитација“, соборувајќи го на земја каде што тркалата, подвозјето или земјата предизвикуваат повреди.

Монфорт откри дека повредите на долните екстремитети биле вообичаени во сите сообраќајни несреќа кои биле предмет на анализа, без разлика дали возилото е автомобил или теренец. Возачите на велосипеди кои учествуваа во тешките удари, исто така, претрпеле повреди на главата, телото, ‘рбетот и стомакот.

Студијата покажала дека траумата на телото како целина е за 55 проценти поголема за несреќи во кои учествуваат теренци отколку оние со автомобили. Повредите на главата биле за 63 отсто повисоки, но студијата не открила разлика во сериозноста помеѓу теренците и автомобилите во другите делови од телото.

Првичната студија на IIHS од 2020 година покажа дека теренците и нивните повисоки предни краеви се исто така поопасни за пешаците отколку за автомобилите. Сепак, за разлика од велосипедистите кои доживуваат повреди од соборување на земја каде што можат да ги прегазат, пешаците имаат тенденција да претрпат повреди на карлицата и градниот кош каде што теренецот директно ги удира.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK