Stellantis тестира е-гориво за декарбонизацијата на идните мотори со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Иако е посветена на 100% продажба на електрични патнички автомобили со батерии во Европа до 2030 година, Stellantis ја тестира употребливоста на е-горивата на европските возила произведени од 2014 година (евро 6) за да ги зајакне намалувањата на емисиите на јаглерод

Групацијата Stellantis објави дека ги завршува тестирањата на новото eFuel гориво, кое треба да биде готово во следните неколку недели. Компанијата почна да го тестира пред неколку месеци на дизел и бензински мотори со еколошки стандард Еуро-6, проверувајќи ги емисиите на издувните гасови, можноста за стартување на различни температури, моќноста, доверливоста на компонентите, интеракцијата со мазива и филтри, како и со системот за гориво.

Тоа е важно истражување за групата, која има за цел да анализира дали моторите кои моментално се на пат ќе бидат подготвени да работат на лабораториски одгледувано гориво, имајќи ја предвид нејзината посветеност да продава само електрични автомобили до крајот на деценијата.

Според претставниците на Алијансата, eFuel гориво ќе стане клучен дел од алатките што може да се користат за намалување на емисиите на јаглерод диоксид во наредните години. Во блиска иднина ќе се користи за „напојување“ на постоечките бензински и дизел мотори со внатрешно согорување.

Компанијата не навлегува во детали за тоа какви типови на мотори тестира, но може да се претпостави дека тие вклучуваат бензин Fire на FCA и бензин PureTech на PSA, како и неколку дизел единици.

Доколку моторите ги поминат тестовите, тие можат официјално да бидат одобрени за идна употреба на гориво, со што ќе се продолжи животниот век на автомобилите кои моментално се на пат. Ова ќе биде, според компанијата, приближно 28 милиони автомобили од групата.

„Ги удвојуваме напорите за борба против глобалното затоплување преку тестирање на јаглеродно неутрални горива како комплементарно решение на нашиот холистички пристап кон декарбонизацијата. Нашата стратегија за електрификација напредува стабилно и динамично. Во исто време, ние исто така треба да најдеме паметни алтернативи за управување со емисиите на CO2 за постоечките 1,3 милијарди дизел автомобили“, рече претседателот на Stellantis, Карлос Таварес.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK