Stellantis со нови четири електрични возила од 2024 година

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката на Fiat, а сега Stellantis, лоцирана во градот Мелфи, од 2024 година ќе произведува четири електрични возила од повеќе различни брендови на Stellantis. Ова го потврди синдикатот на работници UILM, а пренесоа повеќе италијански медиуми.

“Stellantis најави дека Мелфи ќе биде првата фабрика во Италија која ќе ги добие првите модели кои произлегуваат од новиот стратегиски план” стои во соопштението на синдикатот.

Италијанската јавност не го одобруваше спојувањето на FCA со PSA под изговор дека со тоа ќе се направи удар врз италијанската економија стравувајќи дека Stellantis ќе пресели многу од производствените активности надвор од Италија.

Со ова, но и планот за отпочнување на изградба на фабрика за батерии во Италија, од страна на Stellantis, полека, но сигурно се враќа довербата во новата компанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK