Stellantis повикува 500.000 возила на принуден сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Stellantis во официјално соопштение за јавноста соопшти дека ќе започе со процесот на повлекување нешто повеќе од половина милион возила од брендот Ram. Причината за оваа одлука произлегува од аномалијата според која во најлош случај може да дојде до отпаѓање на тркало.

Американските медиуми наведуваат дека во повикот за повлекување се наоѓа моделот Ram 3500 произведени во периодот од 2012 до 2021 година како и моделите Ram 4500 и Ram 5500. Сите овие камионети се испорачани во Северна Америка.

Од Stellantis наведуваат дека досега не е познато дали се случила сообраќајна незгода предизвикана од овој проблем. При тоа известува дека сите сопственици на спорните возила ќе добијат покана да се упатат во најблискиот сервисен центар каде нивното возило ќе биде детално прегледано и по потреба ќе бидат заменети штрафовите на тркалата. Сите трошоци за ова ќе паднат на товар на производителот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK