Новоформираниот Stellantis планира да ја триплира продажбата на електрифицирани возила за три пати па сега новиот таргет за 2021 година изнесува 400.000 хибридни и целосно електрични возила.
Ова го изјави Џон Елкан, дел од раководството на Stellantis и еден од најголемите акционери преку холдинг компанијата Exor.
PSA Групацијата и FCA Automobili минатата година како одвоени компании ширум глобалниот пазар испорачаа 139.000 електрифицирани возила. За да се постигне целта за оваа деловна година, Елкан најави дека производителот ќе лансира 11 електрифицирани модели.
Амбициите на Stellantis се да до 2025 година прерасне во најголем производител и продавач на електрифицирани автомобили заедно со Volkswagen Group и Renault-Nissan.