Стефановски во Топ-6 на TCR Italy на Валелунга

ОБЈАВЕНО НА:

Втората трка на Валелунга се вози денеска од 15 часот

Игор Стефановски го почна тркачкиот викенд во TCR Italy со бодови и пласман меѓу најдобрите шест на првата трка на патеката Валелунга. Нашиот возач ја почна трката од петтиот ред со десетто постигнато време во квалификациите, а на целта стигна како шестопласиран.

Уште по првиот круг Стефановски успеа да направи скок од две места и да биде осмоплаисран. По само 2,5 минути возње поради излетување на еден возач на патеката влезе безбедносното возило и остана повеќе од седум минути додека се расчисти патеката. Стефановски заедно со Русинот Леонов беа во групата од 9 возачи кои малку се одвоија од групата, но Стефановски беше под притисок на Леонов.

На половина од трката Леонов неколкупати се обидуваше да го престигне нашиот возач, но Иџе го издржа притисокот и го задржа своето место. Потоа поради излетување на Матиас Вахтел, нашиот возач Стефановски се искачи и место повиоско и беше седмопласиран.

 

Моторспортот е интересен бидејќи секој свиок носи неизвесност и се вози до последните метри. Така Микел Имберти имаше проблеми, по што падна неколку места подоле, а Стефановски се качи на шестото место.

Победник на трката е Ерик Бриљадори пред Салваторе Таван и Анти Бури. Потоа следуваа Кевин Чекон и Никола Балдан.

Во генерален пласман води Бриљадори со 178 бодови пред Анти Бури со 163 и Салваторе Тавано со 154 бодови. Игор Стефановски го задржа 6. место со 77 бодови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK