Игор Стефановски вети и го исполни ветувањето, уште на првата трката сезонава во TC Italy покажа подготвеност да биде меѓу најдобрите сезонава. На првата трката во Монца нашиот возач го освои 4. место во конкуренција на 24 возачи.
Иџе во првите 8 минути од трката беше и лидер, но потоа беше престигнат од актуелниот лидер и победник на трката, Салваторе Тавано. Возејќи на дождлива патека и во тек на целата трка врнеше дожд, македонскиот возач умно тргна, се одвои од групата, па и четвртото место на почетокот од сезоната е одличен резултат и најава за она што ќе следува.
Стефановски имаше одличен старт, иако во квалификациите го освои четвртото место. Откако се изгаснаа светлата на стартот, Иџе “стисна“ на гаста и успеа да ги престигне оние пред него и после првиот свиок беше лидер.
Актуелниот шампион во TCR Italy, Тавано постојано вршеше притисок врз Стефановски и чекаше место и можност да го престигне. Според правилата се возат 30 минути + 1 круга, а после 8 минути возење Тавано успеа да го престигне Стефановски, и актуелниот шампион на ТЦР Италија продолжи како лидер на трката.
Најинтересните моменти од трката
Од тој момент Тавано почна да ја зголемува предноста, и после 12 минути возење Тавано имаше предност од 2,3 секунди предност. Зад Стефановски е Чекон кој заостанува 1,8 секунди. Во следните кругови Стефановски полека се оддалечуваше од Чекон, но се уште имаше околу 2 секунди заостанување во однос на лидерот Тавано.
Последните 5 минути од трката донесоа многу неизвесност, откако до Стефановски се пруближија уште тројца други возачи. На еден свиок Стефановски влезе малку пошироко и за момент излезе од идеалната патека, што им беше доволно на оние зад него да го стигнат. Потоа од 3. Стефановски падна на 5. место на кое заврши на целта.
Салваторе Тавано ја прослави 21 победа во кариерата, што е прва победа сезонава. Анти Бури беше второпласиран, пред Ерик Бригољари, Кевин Чекон и Игор Стефановски. Но, поради казната од 5 секунди за Финецот Анти Бури, тој од второто падна на 5. место, со што нашиот Стефановски се искачи едно место повисоко – чеврто место.
После оваа трка, Тавано води со 40 поени, пред Бриљиарди кој доби 35, Кевин Чекон со 30 и Стефановски со 27 поени.
Утре се вози втората трка на Монца со почеток во 10,05 часот.