Македонскиот возач во првенството на TCR Italy, Игор Стефановски остана без пласман на трката на Имола откако имаше инцидент и излетување после 13 минути од почетокот на трката. Стефановски имаше контакт со Русинот Евгени Леонов по што ја загуби контролата и излета. За среќа немаше посериозни ошттеувања на возилото, па веднаш влезе во боксот.
Стефановски ја почна трката од 5. место и на тоа остана неколку кругови, а потоа беше и 6. место. Во моментите кога излета беше на 7. место и во дуел со Леонов кој повторно возеше премногу ризично.
Нашиот возач не успеа да врзе два добри трки, а вчера беше второпласиран и се искачи на пиедесталот.