Сте слушнале ли за Toyota Avanza?

ОБЈАВЕНО НА:

Дали некогаш сте слушнале за моделот Avanza на Toyota? Станува збор за мини моноволуменец кој јапонскиот производител го нуди во неколку земји од Африка и Азија.

Станува збор за автомобил кој во производство влезе во ноември 2003 година. Најпрво под брендот на Daihatsu, кој всушност е во сопственост на Toyota, се продава во Јапонија, Малезија и Индонезија, а во неколку други земји од Азија како и Африка се продава под брендот на Toyota носејќи го називот Avanza.

Во поглед на димензиите, овој модел е со должина од 4.140 мм, ширина 1.660 мм и висина од 1.685 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.655 мм.

Avanza е достапна само со бензински мотори и тоа: 1.0 литарски, 1.3 литарски и 1.5 литарски. Во понудата достапна е со пет степен мануелен и четири степен автоматски менувач.

File:2019 Toyota Avanza 1.5 S+ (17).jpg

Како и останатите модели од овој сегмент, така и Avanza последните години бележи тренд на пад на продажбата. Минатата година на глобално ниво се продадени помалку од 100 илјади примероци. Оттука и иднината на овој модел е неизвесна.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK