Hyundai го комплетираше процесот на купување на поранешната фабрика на General Motors во Русија, наведе портпаролот на руската дивизија на Hyundai, Јулија Тихонравова.
Станува збор за фабриката лоцирана во Шушари, во близина на Санкт Петерсбург. Истата беше изградена од страна на GM во 2008 година, но американскиот производител ја затвори во 2015 година како дел од планот за редуцирање на меѓународните операции.
Фабриката е со годишен капацитет од 100.000 возила. Во моментов на рускиот пазар јужнокорејскиот произвдоител ги продава следните модели: Solaris, Creta, Elantra, i30 N, Sonata, Tucson, Santa Fe, Palisade и H-1.
Ова е втора голема трансакција последнава недела откако претходно Honda од својот турски партнер ја откупи фабриката во Измир.