Соиграч на Пандев остана без своето Ferrari – го однесе на перење, а вработениот го искршил

ОБЈАВЕНО НА:

Фудбалерот на Џенова и некогашен италијански репрезентативец, Федерико Маркети, остана без своето Ferrari откако го однел на перење.

Поранешниот фудбалер на Лацио, Каљари, Албинолефе, Торино и Кротоне, го однел својот автомобил на перење во локална пералница во Џенова, а вработениот место да ја заврши својата обврска, не успеал да одолее на адреналинот па решил да сврти едно кругче. При тоа, несреќното момче го удрил овој супер автомобил.

Маркети кога се вратил не го затекнал својот автомобил во пералната, а веста брзо стигнала и до него.

Сега се чека проценка на штетата. Дали вреди да се поправа или да си вози нешто друго. Кој ќе плати – ќе видиме.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK