СПРЕМНО ЗА ВГРАДУВАЊЕ: Револуционерна батерија која обезбедува автономија од 1.000 километри

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеска компанија за производство на батерии (CATL) направи револуционерно откритие, кое уште лани лето беше објавено во јавност. Станува збор за нова технологија cell-to-pack (CTP), која беше прикажана како прототип летото. Сега Кинезите се подготвени со сериска верзија на батеријата, која е подготвена за вградување и која може да обезбеди автономија од 1000 километри со едно полнење.

Батеријата CATL се вика Qilin, по легендарното суштество од кинеската митологија. Исто така, има рекордна ефикасност на искористување на волуменот од 72% и густина на енергија до 255 W/h по килограм.

Во иновацијата, кинеските инженери интегрираа внатрешна попречна шипка, течна плоча за ладење и термичка подлога во мултифункционалниот еластичен меѓуслој на Qilin.

Дополнително, револуционерната батерија има вградени микромостови во меѓуслојот кои флексибилно се прилагодуваат на промените во делот, со што се зголемува доверливоста на батеријата во текот на нејзиниот животен циклус.

Уникатниот дизајн на Qilin овозможува безбедно поставување на различни компоненти, вклучувајќи структурна заштита, високонапонско поврзување и вентил за ослободување, што дополнително го зголемува капацитетот на батеријата за 6%.

Батеријата се лади со поставување на функционални делови што се ладат со течност помеѓу соседните делови, а иновативната технологија за ладење овозможува деловите да се ладат четири пати побрзо.

Меѓу главните клиенти на компанијата се Tesla, Volkswagen, BMW и Nio, но засега CATL не открива детали за тоа кој од автомобилските концерни први ќе ја добијат револуционерната батерија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK