Спречена нелегална трка со 45 луксузни спортски автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата во Хонг Конг минатиот викенд спречи обид за организирање на нелегална трка со 45 супер спортски автомобили. Настанот се случил во неделата утрото на источниот коридор.

Шефот на локалната полиција Дерек Нгаи Чи-хо, за South China Morning Post изјави дека сите осомничени за кои е подигнато обвинение се жители на блиските населени места и според него “постојат докази за обвинението”.

Сите автомобили биле принудно паркирани на крајните две ленти од булеварот. Од видеото кое се појави на интернет може да се забележат најразлични спортски автомобили од повеќе луксузни и премиум спортски брендови како Lamborghini Murcielago SV, Lamborghini Aventador SV, Mercedes-AMG GT S, Nissan GT-R…

Локалната полиција ја објави и статистиката според која илегалните улични трки се зголемиле за 40% во првите 11 месеци од минатата година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK