Електричната понуда на VW се зголемува со уште еден член на семејството на струја, овојпат со спортски манири – ID.4 GTX.
Volkswagen ID.4 GTX има по еден електромотор за предните и задните тркала, чија вкупна моќност е 299 КС. Како резултат на интеграцијата на ова технолошко решение, електричниот автомобил се справува со нагиб од 37,5%, може да забрза од 0 до 60 км на час за 3,2 секунди и од 0 до 100 км на час за 6,2 секунди. Неговата максимална брзина е електронски ограничена на 180 км на час.
Volkswagen ID.4 GTX ќе биде лансиран во летото оваа година, со основна цена за Германија утврдена на 50.415 евра, но клиентите ќе можат да ги искористат предностите на локалните субвенции од 7.500 евра.
Од VWн велат дека ID.4 GTX е првиот модел на брендот заснован на модуларната и специјално развиена за електрични автомобили модуларна платформа MEB, која има два електромотори и систем за погон на четири тркала, и има попривлечен дизајн, и нов дизајн елементи.
https://youtu.be/nKN42lnlAeM
Новата GTX е поттикнувач и за семејството на ID. и корпоративната стратегија ACCELERATE, со која VW има за цел да стане најпосакуваната марка за одржлива мобилност. Си поставија цел да го зголемат процентот на продажба на чисто електрични возила во Европа до 70 проценти до 2030 година. VW има намера да стане климатски неутрален до 2050 година, а до 2025 година, VW ќе инвестира околу 16 милијарди евра во електрична мобилност, хибридизација и дигитализација.