Специјална серија автомобили во чест на Фернандо Алонсо

ОБЈАВЕНО НА:

Откако Alpine го претстави заостреното спортско купе A110R, кое го подига нивото на стандардниот A110 за еден степен нагоре со тоа што го прави уште попријатен за патеката благодарение на помалата тежина и подобрената аеродинамика, сега француската компанија покажа уште поспецијална верзија на купето кое во стандардна изведна чини над 72.000 евра.

Специјалната модификација е направена во чест на Фернандо Алонсо и ќе се произведува во ограничена серија од само 32 примероци. Ова го прави најскапиот автомобил во поставата на Rrenault, а воедно и еден од најретките. Моделот ќе има 297 КС и 340 Нм. вртежен момент што ќе го произведува 1,8 литарскиот турбо четирицилиндричен мотор

Алонсо настапува за францускиот тим во Формула 1, но заминува за да го замени Фетел во тимот на Aston Martin. И покрај заминувањето се чини дека двете страни сепак пријателски се разделија, а Французите решија да му ја дадат на Алонсо честа што ја заслужува.

За поскапоплатениот модел од онаа стандардна верзија на А110R ќе добиете сега и сина мат боја за надворешноста, како и автограм на Алонсо на едно од задните прозорци. Истиот ракопис може да се најде и на седиштата, каде на потпирачите за глава е извезен потписот на Алонсо.

Плакета која го покажува серискиот број на автомобилот може да се најде и во внатрешноста, како и мотото на Алонсо пронајдено на штитниците за сонце.
На неа пишува „Има повеќе од еден пат до врвот на планината“. Сопствениците добиваат и реплика на тркачкиот шлем на пилотот, повторно со автограм.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK