Се спакувавте за на одмор – не ја забораваjте и летната аптека!

ОБЈАВЕНО НА:

За да ги избегнете непотребните незгоди во текот на летувањето, важно е добро да се подготвите и сè однапред да испланирате. Зошто да си го уништите уживањето во одморот барајќи ја локалната аптека? Подобро е со себе да понесете патна аптека со основните лекови и уште некоја корисна ситница.

На целиот багаж што веќе сте го подготвиле за носење со себа на летување, доволно е да земете и една мала торбичка со сите потребни лекарства кои би ви биле потребни за различни ситуации. Најдобри е да имае и патничко осигурување во случај да треба да заминете на лекар, но секако првата превентива треба да дојде од самите вас.

Ви пренесуваме совети што се треба да имате во вашата летна аптека.

* таблети против болка (аналгетик);
* лек за намалување зголемена телесна температура, а ако имате деца земете чепчиња и топломер;
* лаксатив, средство против подждригнување и таблети од медицински јаглен или некој биолошки регулатор за цревната флора во таблети, капсули или течност, кои ќе ви помогнат против желудочни или проблеми со варењето, кои често се јавуваат при промена на местото и начинот на исхрана;
* средства за рехидрација, односно за надополнување на течностите и електролитите. Ќе ви помогнат во случај на пролив или повраќање, бидејќи дехидратацијата предизвикува замор, вртоглавица и сува уста. Сериозното губење течности може да има кобен крај. Во аптеките може да најдете прашок кој се меша со вода и се пие често во мали голтки;
* антисептик за рани, (најсоодветен е оној во облик на спреј), пакетче стерилна газа. Неколку завои и фластери ќе ви бидат од голема помош ако се исечете, изгорите или изгребете. Задолжителен дел од вашата патна аптека треба да биде маст или гел против изгореници;
* средствата за заштита од сонце се едни од најважните состојки во вашата летна аптека;
* т.н. „вештачки солзи„, капки за очи, кои го влажат и го подмачкуваат окото, помагаат да го отстраните чувството на „песок во очите„, солзење и црвенило во очите, кои се јавуваат во летните горештини поради клима-уредите и од провев.

ТЕРАПИЈА ЗА ХРОНИЧНИТЕ БОЛНИ
Некои од нас имаат проблеми со ушите. Најчесто тоа се воспаленија што може да се проследени со секреција од увото, но и болка која може да биде непријатна и јака. Оние што имаат проблем со влегувањето вода во ушниот канал кога пливаат треба да користат специјални чепови за уши.

Хронично болните задолжително мора да ја понесат терапијата препишана од лекар, притоа внимавајќи да имаат доволно количество за цел годишен одмор и да водат сметка за периодот на земање лекови.

Ако патувате со авион, лековите што редовно ги земате треба да ги носите во вашиот рачен багаж и секогаш имајте ги при рака. Ова предупредување особено се однесува на дијабетичарите и на оние со срцеви болести.

ЗАШТИТА ОД ИНСЕКТИ
Престојот во природа може да биде непријатно искуство. Убодите од некои инсекти може да бидат дури и смртоносни. Заштитете се со соодветна облека. Но, ако инсектите веќе ве нападнале, намачкајте го местото на убодот со некој антихистамински крем или гел против алергија.

Особено непријатни се убодите од оса или пчела. На местото на убодот предизвикуваат црвенило, отеченост и болка. Може да си помогнете со ладни облоги од вода или мраз. Во случај на силна алергиска реакција треба и орално да земете антихистаминик.

Ако престојувате во некоја област каде што има опасност од угриз од змија, треба да земете антивиперинум. Ако патувате во егзиотични краеви пред да тргнете потребно е да се вакцинирате. Информирајте се за можните ризици и преземете ги превентивните мерки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK