Со тизер видео Renault го најавува новото Clio

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 28 јануари, францускиот производител на својот официјален YouTube канал објави тизер видео од новата генерација на Renault Clio.

Од видеото не може да се открие многу детали, но она што е сигурно е дека на предниот дел ќе ја има традиционаланта централна маска, од страната ќе бидат препознатливите прагови, а се откриваат новите седишта.

Во моментов е неизвесно дали новото Clio ќе дојде со дизелски мотор во понудата особено ако се знае фактот дека дизелските агрегати губат на популарност во Европа поради новите WLTP процедури. Од друга страна ќе има хибридна изведба, кој покрај бензинскиот мотор ќе користи и 48-волтен електричен систем со цел смалување на потрошувачката на гориво и емисија на штетни гасови.

Производството и продажбата се очекува да започне во втората половина од годинава, а останува во текот на наредниот период да бидат откриени дополнителни информации поврзани со овој модел.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK