Со Tesla поминал 1,7 милиони километри и уште вози!

ОБЈАВЕНО НА:

За денешниве автомобили некои ќе искоментираат дека не се толкку квалитетни и не можат да издржат милион километри, иако има доста исклучоци. Во ерата на електрификацијата се уште нема податоци дали и тие можат да се пофалат со седум бројки на одометарот. Сепак Tesla веќе им атакви резултати.

Човекот што го постигна овој рекорд живее во Карлсруе, се вика Хансјорг фон Геминген-Хорнберг. Станува се попознат во Германија затоа што се одлучил на уникатен потфат – да вози Tesla Model S од 2014 година колку што може и долго како што ќе издржи автомобилот.
И пет години по купувањето, Model S, тој помина еден милион километри.

Со една година задоцнување, директорот на Tesla, Илон Маск, му испрати кратка порака: Честитки! Фон Геминген-Хорнберг тогаш веќе беше на 1.200.000 км. со Tesla.

Сега Германецот помина 1,7 милиони километри и е на пат до границата од два милиони. Во моментов, вели тој, со своето возило вози по околу 600 километри дневно, главно со умерена брзина на автопат.

Зошто Маск изгледа резервирано? Можеби не сака да ги поттикне другите возачи да го прават ова?! Имено, овој модел доаѓа со бесплатно доживотно полнење кај Tesla Superchargers, порталот Teslamag пренесува дека батериите се веќе трипати заменети под гаранција, а електромоторот е заменет осум пати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK