Со која брзина на автопат најмалку се троши гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето и потрошувачката на гориво се поврзани, и најчесто завистат од тоа колку силно притискате на педалот за гаста. Ако сте љубител на побрзо возење тогаш секако и почесто ќе одите на бензинска пумпа да наточите гориво.

Но, ако возите на автопат тогаш и не можете „да се влечкате како желка“, па сигурно треба да бидете ем доволно брзи да стигнете каде што сте тргнале, а притоа и да имате прифатлива потрошувачка на гориво.

Има некои правила кои се веќе докажани во днос на потрошувачката и возењето на автопат.

Според законот дека не смеете да возите автомобил со брзина поголема од 130 km/h на пат, а оптимумот од гледна точка на потрошувачката на гориво е уште помал. Секако на најголем дел од автопатиштата брзината е 120 км/ч.

Повеќето автомобили можат да постигнат максимална брзина околу 170 km/h, а често и повеќе. Оптимумот за моторот и потрошувачката е значително помал, а исто така е важно да не се забрзува нагло.

Општо правило е да се забрза што е можно побрзо, да се префрли во највисока брзина, да се вози до 90 km/h и да се одржуваат вртежите на моторот од 1500 до 2500 вртежи во минута.

Меѓутоа, што е со автопат? Германскиот TÜV советува возење со брзина до 80% од максималната брзина. Секако, на патишта каде границата е 130 km/h, јасно е дека повеќе од тоа не е дозволено. Затоа, автомобил со максимална брзина од 150 km/h треба да остане во опсегот на брзина помеѓу 105 и 120 km/h.

Проценката на германскиот автомобилски клуб (ADAC) за автомобилите од средната класа е дека при возење со 160 km/h трошат и до две третини повеќе гориво отколку со 100 km/h.

Покрај максималната брзина, постојат и голем број други трикови за намалување на потрошувачката на гориво. Златното правило е да возите со помирен ритам, без нагло забрзување и сопирање, како и да ја планирате брзината, особено ако возите на темпомат на пат со многу ридови.

Подобро е брзината да ја регулирате самите со додавање и одземање на гаста. Така на места каде не е потребно многу притискање на гаста, доволно е малку да ја подигнете ногата, и секако потрошувачката нема да се зголеми.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK