Mitsubishi уште минатата година го најави крајот на производството на легендарниот модел Pajero. Во пресрет на официјалниот крај, јапонскиот производител лансираше т.н. “Final Edition” верзија.
Се работи за ограничена серија од овој модел кој се произведува во Гифу, Јапонија, а ќе биде наменета за Австралија.
Вкупно 800 примерци ќе бидат испорачани во оваа земја, а сите примероци се со три реда седишта, достапни со три нивоа на опременост GLS, GLX и Exceed. Во понудата доаѓа само со еден, 3,2 литарски мотор кој продуцира 192 КС и 441 Nm обртни моменти. Располага и со резервоар од 88 литри, погон на сите четири тркала…
Овој модел во понудата на Nissan е воведен во 1982 година кога на саемот во Токио дебитираше како прва генерација на овој модел. Оттогаш па се до денес лансирани се вкупно четири генерации, а послендата датира од 2006 година.