Снег или лисја: Кое е полизгаво? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Добро е познато дека секое несигурно стапнување на мраз и снег е ризик за пад и некакви повреди. Димензиите на последиците од ударот стануваат уште поимпресивни кога се наоѓате зад воланот на својот автомобил. Веројатно сте си поставиле некогаш прашање каква е ситуацијата со лисја на патот. Колку  е лизгава површината и дали е пропорционална со онаа на снежните или замрзнати површини.

За среќа на оние кои никогаш не си го поставиле ова прашање, Ford направи научна студија во Белгија, каде што со помош на апарат беше направено мерење на коефициентот на влечење (µ) на снег, мраз и лисја.

Резултатите од истражувњето на тимот на екипата на автомобилскиот бренд, кој исто така реагира на развојот на двата дополнителни начини на работа кај новиот Focus Active, покажуваат дека под одредени услови, листовите можат да бидат исто лизгави, колку и снегот.  Соодветните вредности меѓу 0.3 и 0.4 µ, што е сосема споредливо со тоа од снегот.

„Беше интересно да го направиме овој експеримент во кој имаше сериозна лекција. Поголемиот дел од лугѓето знаат дека треба да ја намалат брзината и да возат повнимателно. Сепак, многу помалку од луѓето истото внимание го оддаваат на патиштата покриени со лисја, кои можат да бидат исто толку лизгави“, вели Еди Кастел, инженер за развојна дејност во Ford Европа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK