Следната генерација на Toyota Prius може да добие водороден мотор со внатрешно согорување

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota, наводно размислува за употреба на водороден мотор со внатрешно согорување за следната генерација на Prius како дел од својот плаг-ин хибриден погон. Ако тоа се случи тогаш Toyota повторно ќе биде пионер во технологијата исто како што тоа беше првата генерација на Prius во 1997 година.

Пред неколку недели, Форбс објави дека Toyota се подготвува да ја претстави петтата генерација на моделот Prius кон крајот на 2022 година. Овој модел најверојатно ќе биде хибрид на гас-струја, но втората варијанта, наводно доаѓа во 2023 година, и се шпекулира дека ќе комбинира водороден мотор со внатрешно согорување со електрични мотори. Во поновиот извештај на Best Car Web исто така се зборува за Prius PHEV на водород, но се тврди дека нема да се појави во производствена форма пред 2025 година.

За разлика од погоните на водородни горивни ќелии како оној што се користи во Toyota Mirai, претворањето на моторот со внатрешно согорување од бензински во водороден е далеку помалку сложено – дури и ако е во комбинација со батерија и неколку електрични мотори.

Новата технологија се уште во рана фаза на развој беше тестирана во модифицирана Corolla на 24-часовна трка во јуни, и иако автомобилот помина многу време во боксоте од различни природа, сепак успеа да ја заврши трката.

Прототипот на моторот беше базиран на турбо трицилиндарски 1,6 мотор од Toyota GR Yaris со серија модификации што му овозможуваат да користи компримиран водород како гориво и додавање на четири резервоари за водород од јаглеродни влакна, сместени во задниот дел. Oд Toyota велат дека моторот реагира подобро бидејќи согорувањето на водород се случува со побрза брзина од бензинот. Така, автомобилот ги задржува повеќето карактеристики на автомобилите со внатрешно согорување (ICE), но тоа го прави без никакви емисии на CO2 (емитира NOx само поради маслото).

Откако пристигна во 1997 година, Toyota Prius беше пионер во хибридната технологија. Меѓутоа, сега кога целосно електричните возила стануваат секојдневие, мора да најде друг начин да се разликува на преполниот пазар, додека го задржува својот еколошки карактер.

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK