Skoda во Пекинг ќе го понуди најевтиниот кросовер

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот кросовер од гамата на Skoda кој ќе се појави во автосалонот во Пекинг во април, ќе биде најевтиниот од својата класа. Возилото ќе има цена од 90.000 јуани, а тие претворени во евра изнесуваат 11.400. Продажбата треба да почне во јуни, а Skoda Kamia ќе се произведува во фабриката на Volkswagen во Шангај.

Според димензиите новата Кamia ќе биде долга 4,39 метри, широка 1,781 метри и висока 1,593 метри. Дизајнот е сличен како и кај Кaroq.

Инаку, Skoda Kamia ќе има 1,5 литарски мотор на бензин со моќност од 110 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK