Skoda Octavia солидна на тестот “Северен елен” (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на Skoda Octavia е последниот автомобил кој се најде на тестот организиран од страна на шпанскиот магазин km77.

Во првиот обид со брзина од 77 км/ч, овој автомобил сруши неколку столбчиња, а покажа и значително лизгање. Во следниот обид при брзина од 75 км/ч, автомобилот повторно сруши две столбчиња, покажа релативна стабилност на каросеријата, а заднат осовина тенденција на пролизгување.

Опремен со гумите Bridgestone Turanza T005, овој автомобил во својот најдобар обид го помина тестот со брзина од 74 км/ч што е повеќе од многу свои конкуренти од сегментот, но и од новата генерација на Volkswagen Golf.

Видео записот од тестот можете да го погледнете во продолжение.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK