Skoda Kamiq се појави на насловна страна – потоа стигна и потврдата

ОБЈАВЕНО НА:

Иако премиерта е закажана за на саемот за автомобили во Женева, новиот SUV на чешкиот производител Skoda се појави во јавност. Најзаслужен за тоа е чешкиот авто магазин “Auto Dnes” кој на својата насловна страна го објави изгледот на најмалиот SUV на Skoda, Kamiq.

Екстериерот, барем предниот дел кој е откриен од страна на авто магазинот, во целост одговара на претходно објавените скици и неофицијални рендери. Тука се дводелните предни светли и маската која е идентична како и кај другите SUV модели на Skoda.

Набрзо потоа стигна и потврдата од фабриката со сет на фотографии кои го потврдуваат изгледот и деталите на новиот модел.

Позициониран под компактниот Karoq, моделот Kamiq е долг 4.241 мм., широк 1.793 и висок 1.531 мм. со меѓуоскино растојание од 2.651 мм. Волуменот на багажникот е 400 литри, но лесно може да биде зголемен на 1.395. Освен тоа седиштето на совозачот се собира овозможувајќи превоз на предмети со должина до 2.447 мм.

Kamiq има доста раскошен изглед со LED “двокатни” фарови и стоп светла со форма на бумеранг. Купувачите ќе можат да избираат меѓу различни модели со 16, 17 и 18-инчни бандажи.

Растојанието помеѓу потпирачите на предните и задните седишта е 77 см. Моделот ќе се нуди со информациско-забавен систем со 6.5, 8.0 или 9.2 инчен екран. А 10.25 инчна дигитална инструмент таблата може да се нарача со дополнително плаќање.

Kamiq ќе се нуди само со преден погон. Основната верзија ќе биде опремена со бензински мотор со 115 КС со 1.0 литри. и вртежен момент од 200 Нм, во комбинација со шест-брзински менувач со рачно префрлување или со седумстепен роботизиран DSG (опција).

Поенергичните возачи веројатно ќе преферираат 1.5-литарскиот TSI (150 КС / 250 Nm) со активно управување на цилиндрите и истиот избор од трансмисии. За љубителите на дизелот е предвиден 1.6-литарски TDI со 115 КС и 250 Нм.

Списокот со додатоците вклучува активна суспензија Sport Chassis Control со прилагодливи амортизери, со намален клиренс од 10 мм. и четири работни режими – Normal, Eco, Sport и Individual. Системите за спречување на фронтален удар и контрола на движењето на лентата влегуваат во сериската опрема, но за адаптивен круз контрол, паркинг асистентот и други функции ќе треба да се доплаќа.

Се на се ова изгледа одличен мал градски SUV во продажба доаѓа ова лето, а како главни конкуренти се Seat Arona, Renault Capture и Peugeot 2008. Цената останува непознаница, но треба да биде идентична како и Seat Arona.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK