Skoda ја напаѓа Индија

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda планира во Индија да произведува нови возила од средна големина, како дел од инвестициите од 1,2 милијарди американски долари, а со тоа и да ја заживее продажбата во овој географски регион.

Продажбата за Skoda автомобилите во Индија минатата година се зголеми за 30 проценти, а најголема побарувачка забележа моделот Skoda Rapid. VW заостанува зад конкуренцијата на овој пазар, вклучувајќи ги Ford и Toyota, и покрај малото зголемување на продажбата во изминатата деловна година.

Новите возила на Skoda произведени во Индија ќе ја користат платформата за возила на Volkswagen MQB A0, која ќе биде во согласност со строгите стандарди за безбедност и емитирањето на штетни честички, најавени за 2020 година.

Околу 90 проценти од сите нови возила на Skoda ќе се произведуваат на локално ниво, изјави во интервју за новинарите извршниот директор на Skoda, Бернард Маер, додавајќи дека чешкиот бренд, исто така ги истражува можностите за извоз на индиските автомобили.

Раководството на Skoda исто така, планира да ја прошири својата фабрика во Аурангабад во западниот дел на Индија и да основа нов инженерски центар, со цел да се зголеми уделот на индискиот пазар до пет проценти до 2025 година.

Image result for skoda india

Ширењето на Skoda се совпадна со напорите на матичната компанија да го децентрализира управувањето со филијалите во различни делови на светот, оставајќи ги на поединечни брендови.

“Сметаме дека групата VW би можела да се фокусира на технологија и електрични автомобили и да се обиде да го задржи уделот во развиените пазари, додека Skoda би можела да стане лидер во сегментот за масовни производи во пазарите во развој,” шпекулира Пунеет Гупта, помошник-директор за предвидувања во автомобилската индустрија во истражувачката компанија IHS Markit.

Иако Skoda и индиската Tata Motors во август минатата година се повлекоа од планираното партнерство за развој на автомобил наменет за пазарите во развој, Skoda се уште е отворена за соработка, изјави Маер. Во моментов, Skoda не преговара со други компании за партнерство, додаде Маер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK