Skoda го прекинува производството до крајот на годинава!

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda Auto објави „значително намалување, па дури и суспензија“ на производството во своите фабрики во Чешка од 18 октомври до крајот на 2021 година, пренесува агенцијата Reuters. Причината е недостатокот на електронски компоненти, што доведе до акумулација на недоволно опремени автомобили. Денес, над 50.000 модели се во во магацините на компанијата и чекаат чипови. Во исто време, клиентите треба да чекаат на испорака на нови автомобили со месеци.

Според претставникот на раководството на компанијата, Томаш Котера, тие ќе се концентрираат со сите сили на завршување на веќе почнатите возила со цел да им се достават на клиентите што е можно побрзо. Работниците што ќе останат без работа ќе добијат 85 отсто од редовната плата.

Ограничувањата на производството на Skoda кои ќе траат 2,5 месеци, ќе бидат најтешките за автомобилската индустрија во целина. Според експертите, затворањето на фабриките ќе предизвика сериозна штета на чешката економија, бидејќи Skoda е најголемиот извозник и зафаќа четвртина од вкупниот извоз и вработува 35.000 лица.

Ситуацијата со испораките на полупроводници постепено ќе се подобрува во текот на втората половина на следната година, велат од Skoda.
Само во 2021 година, загубите на светската автомобилска индустрија поради дефицитот ќе изнесуваат околу 210 милијарди долари, проценуваат аналитичарите, а фабриката ќе продадat седум милиони возила помалку од планираното.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK