Платформите за резервација на атрактивниот новитет во некои земји тргнаа во октомври, а Toyota GR Supra – и пред европската премиера на саемот во Женева моделот веќе е распродаден. Секоја Toyota GR Supra наменета за испорачување во 2019 година е веќе резервирана и тоа ширум главните европски пазари на спортски автомобили.
Иако 17 години беше надвор од пазарите, бројот на вљубеници во Toyota GR Supra е голем, а големата побарувачка создаде листа на чекање која сега брои илјада нови сопственици. Поради тоа наскоро ќе биде отворена можност за резервација на возила кои ќе се испорачуваат во текот на 2020 година.
Во знак на легендарното наследство на Supra и воведување на кодната ознака на петтата генерација ќе биде претставен и екслузивниот модел Toyota GR Supra А90 Edition. Изработен е во впечатлива мат сива Storm боја и е опремен со 19 ични мат црни алуминиумски тркала, а и во внатрешноста исто така е покриен со црвена кожа. Сите примероци на A90 Edition, секако, веќе се резервирани.
Од Toyota веќе објавија дека првите 900 сопственици на Toyota GR Supra во Европа во текот на прват година од продажбата на овој автомобил ќе уживаат во низа специјални привилегии. Како членови на Supra 900, првите купувачи ќе имаат пристап до специјални програми и подароци кога ќе го надгледуваат својот автомобил од летото 2019.