Сите што купиле Tesla автомобил ќе мора да вратат до 4.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Сите 800 Германци кои го купиле моделот S на Tesla во изминатата година ќе мора да вратат речиси по 4 илјади евра. Оваа одлука доаѓа од страна на надлежните институции во Германија кои соопштуваат дека нивните автомобили се прескапи за да добијат субвенции.

Според известувањето, сите они кои купиле Tesla автомобил пред 6 април оваа година, а при тоа добиле субвенција ќе мора во дадениот рок да го вратат субвенционираниот износ кој достигнува до 4.000 евра. Исто така, субвенција нема да добијат ниту оние кои во меѓувреме чекаат испорака на своите автомобили.

Според правилникот за субвенционирање на електрифицирани автомобили, субвенција добиваат само оние автомобили чија продажна цена не надминува над 60 илјади евра, додека најевтината изведба на Tesla изнесува 72.000 евра. Оттука сопствениците на автомобилите не го исполнуваат овој критериум.

На ова, Tesla упати жалба, а во меѓувреме објави дека наместо сопствениците, самата компанија ќе ги врати оние 4.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK