Додека General Motors го стопираше производството во неколку фабрики во САД, Ford затвора фабрики и отпушта вработени, а Volkswagen мака мачи со тужбите, јапонскиот производител Toyota објави дека ќе инвестира 750 милиони долари во своите фабрики во САД.
Според планот, инвестициите ќе бидат насочени кон фабриките во Хантсвил (Алабама), Бафало (Западна Вирџинија), Трој (Мисури) и Џексон (Тенеси), а се однесуваат на модернизација на истите што ќе придонесе за отворање на околу 600 нови работни места и зголемување на ефикасноста на производството.
Најголем дел од оваа сума ќе биде инвесирана и насочена кон производството на хибридните изведби на Toyota RAV4 и Lexus ES300, а со ова Toyota сака да ги направи овие модели едни од најпродаваните во соодветните сегменти.
“Овие последни инвестиции ја потврдуваат нашата заложба за долгорочно инвестирање онаму каде што и продаваме” стоеше во офиицјалното соопштение на Toyota Motor North America.