Антон Пих, кој е син на поранешниот шеф на Volkswagen, Фердинанд Пих е доказ дека крушата под круша паѓа.
Тој на саемот во Женева одлучи да учествува со сопствен бренд што е вистинско изненадување.
Piëch Automotive AG е основана од страна на Антон и Рија Старк Рајчич уште пред неколку години, а во 2017 година објави дека развива целосно нов спортски модел.
Тој сè уште нема име, но веќе се знае дека ќе има носталгичен дизајн и целосно електричен погон.
Компанијата, исто така дистрибуираше и неколку скици и фотографии на Пих и Рајчич со делумно објавениот прототип.
Повеќе детали ќе бидат познати после официјалната промоција на електромобилот на 7 март.